Прекинувач на допир со два тастера, стаклен, панел, 1000W – Само фаза

2,032 ден со вклучен ДДВ

Безбедно процесирање на нарачки

Опис

Описот се однесува на целата група на производи од линијата на прекинувачи на допир и вклучува производи со и без функција на РФ433 трансмитер. Овие приозводи не се опремени со паметни функции.

Освежете го вашиот бизнис или домашен амбиент

Нашите прекинувачи на допир се револуционерно решение за вашиот дом или бизнис простор за кое од секогаш сте сонувале. Изработени се според врвни европски стандарди и од висококвалитетни материјали кои перфектно го збогатуваат секој простор со модерен и елегантен изглед. Луксузното калено стакло од кое е изработен панелот доаѓа во 4 различни бои, со што лесно се комбинира со мебелот и останатиот дел од ентериерот, додавајќи софистициран и стилизиран изглед на просторот.

Внатрешниот дел е составен од поликарбонатна основа која е отпорна на оган додека пак секоја компонента на овие прекинувачи обезбедува отпорност на трошење, па можете да бидете сигурни дека ќе трае многу години.

Покрај тоа, прекинувачот на допир е лесен за инсталирање и користење и одржување. Овие уреди едноставно се поставуваат на ѕидот и се поврзуваат со постоечката електрична инсталација без потреба од дополнителни модификации.

Интуитивен индикатор при вклучување/исклучување

Интелигентниот идникатор свети во силна сина боја кога светлата се вклучени и се менува во слаба сина боја кога се исклучени, обезбедувајќи јасна и непосредна визуелизација за статусот на прекинувачот. Ова не само што помага при лоцирање на прекинувачите во темнина, туку и додава допир на елеганција на декорот на вашиот дом.

Водоотпорност

Водоотпорниот дизајн гарантира издржливост и поуздано функционирање, штитејќи ги внатрешните компоненти од оштетувања предизвикани од вода и го продолжува животниот век на вашите паметни прекинувачи. 

Самогасиви материјали за заштита од оган

Прекинувачите се изработени од материјали отпорни на оган кои ги исполнуваат строгите стандарди за безбедност. Употребата на ваквите материјали осигурува дека овие уреди не само што се ефикасни, туку и обезбедуваат дополнителен слој на заштита во вашиот дом или канцелариски простор, правејќи ги посигурен избор за секоја средина.

Спецификација

  • Шифра
LS-0017
  • Контролирање

На допир.

  • Моќност

1000W/тастер

  • Моќност во мирување
<0,02W
  • Напојување

Со или без неутрална жица.

  • Влезен напон
90V-250V AC | 50/60Hz
  • Апликации
Tuya Smart/Smart life, Компатибилност со Alexa, Google Home, IFTTT, итн.
  • WiFi Стандард
2,4 Ghz; IEEE 802.11 b/g/n
  • Работни услови
-20°С до 70°С; Влажност:<95%
  • Статус на уред
Вклучен, исклучен или задржување на истиот статус како пред ресетирање.
  • Индикатор
Сино светло кога е вклучено, слабо сино кога светлото е исклучено.
  • Боја на панел
Бела/Црна/Златна/Сива
  • Компоненти

4mm калено стакло, поликарбонатна основа (отпорна на оган), железна рамка

  • Димензии
86x86cm - 35мм
  • Употребен век
100.000 пати
  • Тежина

210 грама

Инструкции

Поврзувањето на уредите го врши исклучиво квалификувано лице.

Рецензии

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Прекинувач на допир со два тастера, стаклен, панел, 1000W – Само фаза”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *