Описот се однесува на целата група на производи од линијата на прекинувачи на допир и вклучува производи со и без функција на РФ433 трансмитер. Овие приозводи не се опремени со паметни функции.
Освежете го вашиот бизнис или домашен амбиент
Нашите прекинувачи на допир се револуционерно решение за вашиот дом или бизнис простор за кое од секогаш сте сонувале. Изработени се според врвни европски стандарди и од висококвалитетни материјали кои перфектно го збогатуваат секој простор со модерен и елегантен изглед. Луксузното калено стакло од кое е изработен панелот доаѓа во 4 различни бои, со што лесно се комбинира со мебелот и останатиот дел од ентериерот, додавајќи софистициран и стилизиран изглед на просторот.
Внатрешниот дел е составен од поликарбонатна основа која е отпорна на оган додека пак секоја компонента на овие прекинувачи обезбедува отпорност на трошење, па можете да бидете сигурни дека ќе трае многу години.
Покрај тоа, прекинувачот на допир е лесен за инсталирање и користење и одржување. Овие уреди едноставно се поставуваат на ѕидот и се поврзуваат со постоечката електрична инсталација без потреба од дополнителни модификации.
Креирајте перфектен амбиент со вашето постоечко осветлување.
Доброто осветлување несомнено има големо влијание и врз здравјето и врз расположението. Со напредокот на технологијата, паметното осветлување станува неизоставен дел од секојдневието во домот. Благодарение на паметните светилки кои ги нуди Dinamo Smart, потребен е само еден клик на апликацијата на телефонот и веќе можете да подесите нивото на осветлување огласно вашите моментални желби и потреби и да креирате пријатен амбиент во кој единствена грижа би ви била уживањето со најблиските. Додатно, посетете ја нашата категорија Освелување за да се запознаете со нашиот асортиман на паметни светилки со динамичен спектар на бои кои додатно би го разубавиле вашиот дом.
Интуитивен индикатор при вклучување/исклучување
Водоотпорност
Водоотпорниот дизајн гарантира издржливост и поуздано функционирање, штитејќи ги внатрешните компоненти од оштетувања предизвикани од вода и го продолжува животниот век на вашите паметни прекинувачи.
Самогасиви материјали за заштита од оган
Прекинувачите се изработени од материјали отпорни на оган кои ги исполнуваат строгите стандарди за безбедност. Употребата на ваквите материјали осигурува дека овие уреди не само што се ефикасни, туку и обезбедуваат дополнителен слој на заштита во вашиот дом или канцелариски простор, правејќи ги посигурен избор за секоја средина.

Критики
Нема критики сеуште.