Описот се однесува на целата група на производи од линијата на прекинувачи на допир и вклучува производи со и без функција на WiFI и РФ433 трансмитер.
Освежете го вашиот бизнис или домашен амбиент
Dinamo луксузните утчници претставуваат вистинска елеганција и иновација за вашиот дом или бизнис простор. Изработени со внимание кон детали по највисоки стандарди, овие утичници го збогатуваат стилот на секој простор, правејќи го современ и практичен.
Утичниците комбинирани со алуминиумска рамка, која доаѓа во 3 различни бои, додава допир на модерен изглед и издрживост. Додека калената стаклена рамка која доаѓа во 4 бои допринесува до луксузен и елегантен ентериер.
Инсталацијата и користењето на овие уреди се едноставни. Лесно се поставуваат и поврзуваат со веќе постоечка електрична инсталација, без потреба на дополнителни модификации. Користењто на смарт WiFI утичници овозможува сигурна контрола, благодарение на мобилната апликација која овозможува управување на уредите.
Прегрнете ја иднината на живеењето каде функционалноста и луксузот се интегрираат.
Самогасиви материјали за заштита од оган
Прекинувачите се изработени од материјали отпорни на оган кои ги исполнуваат строгите стандарди за безбедност. Употребата на ваквите материјали осигурува дека овие уреди не само што се ефикасни, туку и обезбедуваат дополнителен слој на заштита во вашиот дом или канцелариски простор, правејќи ги посигурен избор за секоја средина.

Критики
Нема критики сеуште.