Описот се однесува на целата група на производи од линијата на прекинувачи на допир и вклучува производи со и без функција на WiFI и РФ433 трансмитер.
Освежете го вашиот бизнис или домашен амбиент
Како до заштеда?
Проиграмирано вклучување и исклучување на бојлерите во домот е само еден пример кој што сега сега можете да го преточите во реалност и при тоа да заштедите. Имате други идеи за автоматизација? Споделете ги со нас и ние ќе ви предложиме решение.
Компатибилност со iOS и Android смартфони
Нашите паметни WiFi уреди се целосно компатибилни со смартфони базирани на iOS и Android оперативни системи. Поврзувањето на истите се извршува преку бесплатна апликација за паметни простори, Smart Life. Дополнително, прекинувачите се интегрирани со водечките платформи како што се Amazon Alexa, Google Home и Tuya Smart, овозможувајќи ви контрола врз сите поврзани уреди во домот со гласовни команди или директно преку мобилните апликации.
Поедноставете го управувањето на вашиот дом со интуитивни контроли и прилагодливи опции и надгледувајте го вашиот целосен екосистем од вашиот смартфон. Оваа интеграција осигурува едноставен пристап до автоматизација на домот, правејќи го удобен и луксузен истовремено.
Една единствена апликација за сите паметни уреди
Лесно овозможлив пристап
Креирање на распоред за осветлување
Напредни функции за автоматизација
Искористете го целосниот потенцијал на вашиот паметен дом со прилагодливи сценарија кои се адаптираат на вашите дневни рутини. Автоматизирајте го секој дел од домот, на пример, автоматско затворање на завесите по 22 часот и нивно повторно отворање по 8 часот наутро. Сега е време да ги претворите сите ваши идеални сценарија во реалност и да ја зголемите ефикасноста и удобноста на вашиот дом!
Инстантна реакција на допир
Самогасиви материјали за заштита од оган
Прекинувачите се изработени од материјали отпорни на оган кои ги исполнуваат строгите стандарди за безбедност. Употребата на ваквите материјали осигурува дека овие уреди не само што се ефикасни, туку и обезбедуваат дополнителен слој на заштита во вашиот дом или канцелариски простор, правејќи ги посигурен избор за секоја средина.

Критики
Нема критики сеуште.