Описот се однесува на целата група на производи од линијата на прекинувачи на допир и вклучува производи со и без функција на WiFI и РФ433 трансмитер.
Освежете го вашиот бизнис или домашен амбиент
Нашите паметни WiFi прекинувачи на допир се револуционерно решение за вашиот дом или бизнис простор за кое од секогаш сте сонувале. Изработени се според врвни европски стандарди и од висококвалитетни материјали кои перфектно го збогатуваат секој простор со модерен и елегантен изглед. Луксузното калено стакло од кое е изработен панелот доаѓа во 4 различни бои, со што лесно се комбинира со мебелот и останатиот дел од ентериерот, додавајќи софистициран и стилизиран изглед на просторот.
Внатрешниот дел е составен од поликарбонатна основа која е отпорна на оган додека пак секоја компонента на овие паметни прекинувачи обезбедува отпорност на трошење, па можете да бидете сигурни дека ќе трае многу години.
Покрај тоа, прекинувачот на допир е лесен за инсталирање и користење, нудејќи удобност и напредна контрола директно од вашиот смартфон. Овие паметни уреди едноставно се поставуваат на ѕидот и се поврзуваат со постоечката електрична инсталација без потреба од дополнителни модификации. Не само што ветуваат значителни заштеди на енергија, туку исто така нудат и практично одржување со безбедносни функции.
Прегрнете ја иднината на живеењето каде функционалноста и луксузот се интегрираат.
Креирајте перфектен амбиент со вашето постоечко осветлување.
Доброто осветлување несомнено има големо влијание и врз здравјето и врз расположението. Со напредокот на технологијата, паметното осветлување станува неизоставен дел од секојдневието во домот. Благодарение на паметните светилки кои ги нуди Dinamo Smart, потребен е само еден клик на апликацијата на телефонот и веќе можете да подесите нивото на осветлување огласно вашите моментални желби и потреби и да креирате пријатен амбиент во кој единствена грижа би ви била уживањето со најблиските. Додатно, посетете ја нашата категорија Освелување за да се запознаете со нашиот асортиман на паметни светилки со динамичен спектар на бои кои додатно би го разубавиле вашиот дом.
Компатибилност со iOS и Android смартфони
Нашите паметни WiFi уреди се целосно компатибилни со смартфони базирани на iOS и Android оперативни системи. Поврзувањето на истите се извршува преку бесплатна апликација за паметни простори, Smart Life. Дополнително, прекинувачите се интегрирани со водечките платформи како што се Amazon Alexa, Google Home и Tuya Smart, овозможувајќи ви контрола врз сите поврзани уреди во домот со гласовни команди или директно преку мобилните апликации.
Поедноставете го управувањето на вашиот дом со интуитивни контроли и прилагодливи опции и надгледувајте го вашиот целосен екосистем од вашиот смартфон. Оваа интеграција осигурува едноставен пристап до автоматизација на домот, правејќи го удобен и луксузен истовремено.
Една единствена апликација за сите паметни уреди
Лесно овозможлив пристап
Креирање на распоред за осветлување
Напредни функции за автоматизација
Искористете го целосниот потенцијал на вашиот паметен дом со прилагодливи сценарија кои се адаптираат на вашите дневни рутини. Автоматизирајте го секој дел од домот, на пример, автоматско затворање на завесите по 22 часот и нивно повторно отворање по 8 часот наутро. Сега е време да ги претворите сите ваши идеални сценарија во реалност и да ја зголемите ефикасноста и удобноста на вашиот дом!
Инстантна реакција на допир
Интуитивен индикатор при вклучување/исклучување
Водоотпорност
Водоотпорниот дизајн гарантира издржливост и поуздано функционирање, штитејќи ги внатрешните компоненти од оштетувања предизвикани од вода и го продолжува животниот век на вашите паметни прекинувачи.
Самогасиви материјали за заштита од оган
Прекинувачите се изработени од материјали отпорни на оган кои ги исполнуваат строгите стандарди за безбедност. Употребата на ваквите материјали осигурува дека овие уреди не само што се ефикасни, туку и обезбедуваат дополнителен слој на заштита во вашиот дом или канцелариски простор, правејќи ги посигурен избор за секоја средина.

Критики
Нема критики сеуште.