За Динамо дооел, Скопје

Во согласност со прописите на Законот за зашитита на лични податоци, Динамо ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст „контролорот“) се издава оваа Политика на приватност со цел да ги информира посетителите на www.dinamo.mk и купувачите на производи за обработката на нивните лични податоци.

1. ЦЕЛИ ЗА ОБРАБОТКА И НАЧИНИ НА СПРОВЕДУВАЊЕ​

Оваа обработка вклучува податоци за посетителите/корисниците на веб страницата dinamo.mk (во понатамошниот текст “субјектот на личните податоци“).

За успешно исполнување на нарачките создадени од страна на субјектот на личните податоци, потребна е обработка на следните податоци:

  • Име и презиме на нарачателот;
  • Адреса за достава на производот;
  • Е-маил адреса;
  • Телефонски број.

Овие информации се користат за испорака на нарачката и за комуникација со субјектот на личните податоци во врска со статусот на нарачката.

Во име на компанијата, контролорот се обврзува да ги заштитува приватноста на сите субјекти на лични податоци, согласно важечката законска регулатива.

Се собираат и обработуваат само основните информации за субјектите на личните податоци, потребни за обработка на нарачките и за информирање на корисниците, во согласност со деловните практики.

Сите податоци за субјектите на личните податоци грижливо се чувани со цел да се спречи губење, уништување, фалсификување или неавторизиран пристап.

Сите применети мерки за заштита на личните податоци имаат за цел да спречат губење, уништување, фалсификување или неовластен пристап до информациите. Вработените во контролорот имаат задача да ја почитуваат доверливоста на податоците на субјектите на личните податоци и да ги спроведуваат соодветните мерки за нивна заштита.

Освен основните информации, контролорот ги анализира и обработува податоците поврзани со производите што ги пребаруваат и купуваат корисниците, како и страниците што ги посетуваат. Овие информации се користат за подобрување на понудата и функционалноста на веб-страницата dinamo.mk.

Сите лични податоци се обработуваат според законската регулатива, водејќи сметка за приватноста на субјектите на личните податоци. Се преземаат потребните технички и организациски мерки за обезбедување на безбедноста на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластен пристап и случаен губеж или оштетување.

 Личните податоци не се споделуваат со трети лица, освен ако не постои законска обврска или законски основ, како што е определено со прописите за заштита на личните податоци.

За испорака на нарачаните производи, контролорот ангажира овластено, правно лице, кое се обврзува да ги заштитува личните податоци на корисниците и да ги користи исклучиво за целите на услугите.

Веб страницата www.dinamo.mk не е наменета за лица под 16 години, и контролорот нема за цел да прибира и обработува лични податоци за тие лица. Во случај да лице под 16 години достави своите лични податоци без согласност на родител или старател, Офицерот за заштита на лични податоци на контролорот треба незабавно да биде известен.

Контакт информациите за одговорното лице се наведени на крајот од оваа Политика на приватност.

Веб страницата www.dinamo.mk  ористи "колачиња" ("cookies") за да ги прилагоди интернет искуствата на корисниците според нивните потреби. "Колачињата" се текстуални фајлови кои се пренесуваат од мрежниот сервер на компјутерот на корисникот. Важно е да се забележи дека "колачињата" не можат да инициираат компјутерски програми, да влијаат на работата на системот или да пренесуваат вируси до корисничкиот компјутер.

Овие фајлови можат да бидат прочитани само од мрежниот сервер во доменот од кој се испратени. Една од основните цели на "колачињата" е да обезбедат погодности кои ќе го заштедат времето на корисникот.

За целосно запознавање со начинот на работа, потребата и вредноста на “Колачињата“ („cookies“) посетете го следниот [линк од политика за користење на колачиња].

Личните податоци обработувани преку веб-страницата www.dinamo.mk можат да бидат користени за директен маркетинг, но исклучиво по добивање на согласност од страна на субјектите чии податоци се обработуваат. Субјектите на личните податоци имаат право да ја повлечат својата согласност за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг во секое време.

За било какви дополнителни прашања во врска со ова, ве молиме контактирајте го Офицерот за заштита на лични податоци на контролорот. Контакт информациите се дадени на крајот на политиката за приватност.

Личните податоци собрани преку веб-страницата се чуваат само за периодот потребен за постигнување на нивната цел.

Со цел зголемување на транспарентноста ги информираме субјектите на личните податоци дека:

  • Личните податоци дадени на контролорот за реализација на нарачките се чуваат 6 месеци, односно до завршување на сите административно-сметковотствени процедури, процедури поврзани со доставата, односно додека не се добие потврда од компанијата – доставувач дека субјектот на личните податоци ја добил пратката, додека податоците за задолжувањата за плаќање се чуваат 10 години од денот на издавање на сметка / фактура;
  • Податоците поврзани со платежното средство (број на платежно средство и CVV код) се предмет на обработка единствено од страна на банката соработник на компанијата, а контролорот нема никаков увид во истите;
  • Дадените податоци при нарачување, а поврзани со процедури за враќање или замена на производи се чуваат до истек на законските рокови за рекламации и замена;
  • Податоците дадени при регистрација, најава, како и за маркетинг цели се чуваат се до повлекување на согласноста од страна на субјектот на личните податоци.

2. ПРАВА НА КОРИСНИЦИТЕ (СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ)

Субјектите на личните податоци имаат право на соодветна информација за обработката на нивните лични податоци. Во случај на потреба за дополнителни информации, субјектот може да бара појаснување од Офицерот за заштита на лични податоци на компанијата (контактите на Офицерот се наведени на крајот на оваа политика за приватност). Исто така, субјектот има право на пристап, исправка, бришење или ограничување на обработката на неговите лични податоци.

Субјектот на личните податоци има право да добие потврда од контролорот за тоа дали неговите лични податоци се обработуваат, како и пристап до нив и до одредени информации, вклучувајќи ги целите на обработката, категориите на податоци, корисниците кои имаат пристап до нив, предвидениот рок на чување и изворот на податоците. Контролорот е задолжен да обезбеди копија од личните податоци во рок од 30 дена по примањето на барањето. Во случај на дополнителни копии, контролорот може да наплати надоместок, врз основа на обемот и сложеноста на барањето.

3. Повлекување на согласноста за обработка на податоци

Субјектите на личните податоци имаат право да го повлечате дадената согласност за обработка на нивните лични податоци во секое време. Ова може да се направи преку испраќање на е-пошта на info@dinamo.mk со назнака "до Офицер за заштита на лични податоци". Контролорот е задолжен да го изврши повлекувањето на согласноста и да ги избрише податоците во рок од 30 дена по примањето на барањето.

4. Промена на условите

Користењето на услугите на dinamo.mk подразбира согласност со сите претходно наведени услови за користење. Контролорот има право да ги промени условите, притоа, промените стануваат важечки по објавувањето на веб страницата.

7. КОНТАКТ

mailto:info@dinamo.mkСите прашања и барања поврзани со обработката на личните податоци на веб-страницата www.dinamo.mk, како и врз основа на објавената Политика за приватност, се охрабруваат да се упатат до Офицерот за заштита на лични податоци преку следниве контакти:

  • Тел:+389 71303438
  • E-пошта: info@dinamo.mk(Со назнака: "До Офицер за заштита на лични податоци")